„Нестле“ лансираше Nesquik бисквити со вкус на познатиот какао пијалак. Kако што соопштија од компанијата, Nesquik бисквитите содржат 50 отсто помалку заситени масти од просечното печиво и направени се од 100 отсто италијанско свежо млеко и какао.
Бисквити се во правоаголно пакување, исто како и какаото, кое воедно е главната состојка на овој десерт.
Повеќе од 50 бгодини, Nesquik е сојузник на родителите на чии деца им гарантира вкусен и забавен појадок. Бисквитите се еден од омилените производи меѓу Италијанците, присутни во 95 отсто италијански домови. Поради тоа Nesquik сака да развива свој кекс во Италија. Големата традиција на кекси - производите во нашата земја ни овозможи развој на производ чија цел е да го збогати појадокот на целото семејство, соопштија од „Нестле“.
Извор/Фото: Nestlé
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.