„Пепси“ претстави ново пакување и визуелен идентитет на брендот Mirinda, како и нова бренд - платформа. Новиот идентитет е креиран во рамки на кампањата „Making an M-pact" и подразбира но, свеж изглед на логото на Mirinda, силни бои на амбалажата и „разиграни“ илустрации на самите пакувања.
Како што велат од компанијата, секој од 50+ вкусови на брендот, вклучувајќи ги фаворитите како што се јаболко, портокал, ананас, јагода и лубеница, добија соодветна боја на лименка.
Задоволство ни е што ја претставуваме новата глобална бренд - платформа на Miranda која инспирира креативност, одбирајќи ја генерација Z да ја искористи својата единственост. Ова е платформа со која обожавателите можат да се поистоветат и прв чекор за брендот додека продолжуваме да се развиваме и растеме во чекор со младите. Се радуваме на реализацијата на возбудливите планови што ги подготвуваме, соопштија од „Пепси“.
Новиот визуелен идентитет на Miranda ќе биде претставен на 20 меѓународен пазар од мај 2023 година, при што многу лименки ќе содржат текст на мајчин јазик. Miranda во такво издание ќе се појави во Полска, Романија, Чешка, Украина, Унгарија, Хрватска, Мексико, Аргентина, Египет, Ирак, Етиопија, Пакистан, Кувајт, Катар и во други земји.
Извор/Фото: PepsiCo
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.