Свет

(ФОТО)ИнСторе медиа на Shoptalk Europe 2023

10 May 2023

Shoptalk Europe 2023, најголемото случување  во малопродажната индустрија во Европа, почна вчера во Барселона и ќе трае до утре ( 9 - 11 мај).

ИнСторе медиа, како ексклузивен медиумски партнер, има свој претставник во Барселона - нашиот колега Максим Ѓуровиќ редовно ќе известува од настанот. 

Во тек на трите дена траење на конференцијата, учесниците од 55+ земји, ќе имаат прилика да ги слушнат најновите случувања во индустријата, како и да склопат бројни деловни контакти со претставници на различни компании. 

Според организаторите, конференцијата има четири клучни елементи: 

1.Поврзување - Shoptalk Europe е најголема и најнапредна платформа за поврзување во рамки на малопродажната индустрија во Европа. Третина од учесниците се Ц-ниво, а платформата овозможува 20.000+ состаноци со повеќе од 3.000 носители на одлуки. 

2.Технологија - 250 ИТ компании од малопродажниот сектор ќе претстават активни иновации и технологии во текот на три дена конференција. 

3. Забава - Shoptalk Europe нуди извонредна можност за поврзување на различни неформални настани, вклучувајќи и дискусии меѓу учесниците, ексклузивни вечери и собирања наменети само за трговци и за брендови. 

Конференцијата се одвива на четири тематски бини.

Некои од најинтересните предавања на првиот ден се: 

Innovative Merchandising Strategies 
• Alexandra Smith, Head of Space, Range & Merchandising, Morrisons 
• Sacha Michaud, Co-Founder, Glovo. 

Simplifying Online Product Search and Discovery 
• Neel Arora, Global Head of eCommerce, Nestlé
• Valérie Legat, Chief Digital Factory Officer, Carrefour
• Daniel Gebler, Co-Founder & Chief Technology Officer, Picnic

Unifying the Online and In-Store Grocery Shopping Experience 
• Lars Kietzer, VP, Product, Fressnapf Holding/Maxi Zoo
• Alister Greenwood, Head of Global eCommerce Insights & Analytics, Mondelēz International
• Sathya Nandakumar, Chief Technology Officer, Holland & Barrett
Executive Perspectives on the Future of Grocery and FMCG
• Giorgio Busnelli, Director, Consumer Goods Europe, Amazon
• Ben Miller, Director of Original Content, Shoptalk (moderator)


Executive Perspectives on the Future of Grocery and FMCG 
• Ayla Ziz, SVP of Global Sales & Chief Customer Officer, Danone
• Sarah Engel, President, January Digital (moderator)


Enabling Faster Delivery through Technology and Innovation in Operations
• Stefano Perego, VP, Global Operations, Amazon
• Helen Reid, European Retail Correspondent, Reuters (moderator)

Организаторите порачаа дека Shoptalk Europe 2023 ќе биде „незаборавен“ настан за сите учесници од малопродажбата кои сакаат да го унапредат своето работење.  Сепак, најважниот дел од конференцијата е вмрежувањето и промотивниот простор наменет за изложувачите. Повеќе за тоа ќе можете да читате во нашите извештаи во следните денови.  

Извор, фото: ИнСторе медиа / Максим Ѓуровиќ 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...