Свет

„Марс“ претстави велигденска линија производи

28 Mar 2023

Прехранбениот гигант „Марс“ ја претстави својата својата нова, ограничена велигденска линија производи, вклучувајќи и никогаш претходно пробан вкус на M&M’S бонбони.  

M&M’S White Chocolate Marshmallow Crispy Treat е инспириран од популарните крцкави десерти со ориз, кои содржат сладок и крцкав центар од ориз обложен со бело чокалдо. 

Ние во „Марс“ знаеме дека клучните сезонски моменти, како Велигден се важна можност бидејќи луѓето се собираат да прослават со пријателите и семејството. „Марс“ е фокусиран на тоа да ги воодушеви купувачите со производи што станаа празнична традиција и да ги запознае со новите сезонски комбинации од вкусови, пружајќи моменти на среќа и ставајќи ги нашите производи во центарот на прославите што ги прават потрошувачите, соопштија од „Марс“. 

Новите слатки производи од велигденскиот асортиман ќе бидат достапни во малопродажбата во САД во тек на велигденската и пролетната сезона. 

Извор: FoodBev
Фото: Mars



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...