Свет

Подем на трговските марки низ цела Европа

21 Mar 2023

Во 2022 година продажбата на приватните трговски марки се зголеми во 14 од 15. земји што беа предмет на анализа на „Нилсен IQ“.

Благ пад на продажбата од 0,4 процентни поени бележи само Швајцарија, пазарот што е лидер во продажбата на трговски брендови. На овој пазар уделот на приватните марки се намали на 52%.

Второпласирана е Шпанија, со пораст од 2,6 поени на уделот на продажбата на трговски марки, со што тој сега изнесува 46%. Холандија освои дополнителни 0,5 процентни поени и стигна до третото место со удел од 45%. Следуваат Велика Британија (43%), Германија (40%) и Португалија (39%).

Уделот на приватните трговски марки во продажбата во Белгија изнесува 38%, во Австрија 35%, во Полска и во Данска 34%, во Франција 32% и во Италија – 30%.

Под 30 проценти изнесува уделот во три од анкетираните земји: Шведска (25%), Грција (23%) и Норвешка (21%).

Приватните трговски марки се реалност во цела Европа. Тие го продолжуваат порастот во земјите и во различни категории, истакнуваат од „Нилсен“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...