„Унилевер“ е подготвен да ги истражува cow - free млечните производи кои во наредните години ќе ги употребува во своето портфолио на сладолед.
Тимот за истражување и развој на компанијата почнал да ја разгледува технологијата на прецизна ферментација и како таа може да се користи за создавање млечни производи без животинско потекло.
Ние сме во рана фаза на работа со стартап-компании. Засега не можеме да потврдиме на кои брендови или пазари ќе се применува оваа технологија, изјавуваат од компанијата.
Зборувајќи за акцискиот план за климатска транзиција на компанијата во септември, Рој Хорн, раководител на климатските активности во деловната групација за сладолед на „Унилевер“, рече:
Треба да зборуваме за кравите бидејќи тие се еднакво важни. Тие произведуваат млеко и кајмак, кои се одлични за употреба како суровина во сладоледите, но доаѓаат со висок јаглероден отпечаток.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.