Свет

„Волмарт“ забележа пораст на приходите од 7,3 отсто

24 Feb 2023

Во последниот квартал од фискалната 2022 година американскиот малопродажен гигант „Волмарт“ забележа нето-добивка од 6,3 милијарди американски долари, што е за 76 отсто повеќе отколку во истиот период една година претходно.

Приходите на компанијата се зголемија за 7,3 проценти на годишно ниво, на 164 милијарди американски долари.

Според француската новинска агенција АФП, резултатите за четвртиот квартал (кој заврши на 31 јануари) биле подобри од очекуваните, што истовремено е и лош сигнал затоа што високата инфлација продолжува да ги оптоварува потрошувачите.

Резултатите во последниот квартал покажуваат дека „Волмарт“ е особено силен во категориите прехранбени производи, храна за домашни миленичиња и средства за лична нега.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...