Свет

„Ошан“ ги замрзна цените на основните производи

23 Feb 2023

„Ошан“ во Португалија почна нова маркетинг-кампања на португалскиот пазар со која гарантира дека се замрзнати цените на основните производи.

Во рамките на кампањата малопродажната компанија ја претстави акцијата „Кошница за штедење“ (Cabaz da Poupança), која нуди избор на прехранбени производи по фиксна месечна цена. На тој начин, според трговецот, семејствата ќе заштедат до 50 проценти во однос на вообичаената цена.

Главните артикли вклучени во иницијативата се јајца и млечни производи, месо, замрзната храна, овошје, зеленчук и леб. Акцијата опфаќа и други производи од сопствената трговска марка и од националните брендови, кои ќе се менуваат на месечно ниво.

Маркетинг-кампањата за промоција на новата иницијатива се одвива на ТВ, радио, во живо и на интернет.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...