Трговецот „Лидл“ планира да имплементира нова стратегија која подразбира намалување на уделот на производи од животинско потекло во својот асортиман.
Притоа, „Лидл“ ќе организира тематски недели во рамки на кои ќе го претставува проширениот асортиман алтернативни производи. Дисконтот, исто така, сака да ја мотивира и конкуренцијата на преминување од животински на растителни производи.
Нашата цел не е само да направиме позитивна слика за купувачите, туку сакаме и нешто да промениме. Се надеваме и дека нашите конкуренти ќе ни се приклучат во оваа акција, соопштија од „Лидл“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.