Свет

Роботите – можно решение за трошоците за испорака

30 Jan 2023

Моделот за испорака до последната милја е голем трошок за малопродажните трговци, така што не е изненадувачки што компаниите бараат различни решенија за да го намалат.

Во некои градови во Велика Британија „Ко-оп“ експериментира со роботи за испорака, кои им ги доставуваат е-нарачките на купувачите до нивните домови. Машината се активира со помош на ГПС и на купувачите им испраќа единствен код на паметните телефони, преку кој тие имаат пристап до нарачките. „Ко-оп“ е посветен на истражување на нови технологии и иновации, вели Крис Конвеј, директор за дигиталниот оддел за храна во компанијата.

„Реве“ исто така тестира роботи во Хамбург, Германија. Купувачите може да нарачаат преку апликација, а вработените во продавницата ги собираат производите и ги ставаат во товарниот простор на роботот. Роботот треба да стигне до дестинацијата во рок од два часа, благодарение на софистицирана технологија со сензори, радар, систем за осветлување, вештачка интелигенција и интегриран систем за навигација. Преку апликацијата купувачите добиваат порака со пин, со кој можат да го отворат роботот.

„Реве“ оди чекор понатаму во Литванија, каде што тестира автономно комбе за испорака од својата подружница „Ики“. Мал самоуправувачки електричен автомобил вози по патот, ја доставува нарачката до прагот на купувачот и го известува преку мобилна апликација дека нарачката е подготвена за подигнување. Купувачот треба само да го внесе кодот за наплата и да ја подигне нарачката.

„Колрајт“ тестира автономно возило за испорака во Белгија. По неколку недели тестирање на паркингот на неговиот дистрибутивен центар, возилото сега се движи по јавните патишта. Сепак, автомобилот се надгледува од далечина од вработен, кој може да интервенира доколку е потребно.

„Карфур“ неодамна лансира пилот-програма со робот за испорака во деловен комплекс во Завентем, Белгија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...