Свет

„Интершпар“ рециклира користено масло за јадење

27 Jan 2023

„Шпар“ - Австрија се здружи со компанијата Е&П Уко - рисајклинг на проект кој има за цел да го рециклира користеното масло за јадење што инаку би завршило во одвод на канализација. Како дел од новиот проект, купувачите ќе добиваат ваучер од 0,10 евра за литар масло за јадење што го одложуваат, а кое може да се искористи во продавниците на „Шпар“.

Собраното масло потоа се преработува во биодизел. 

Иницијативата ќе биде воведена во 40 „Интершпар“ хипер маркети ширум Австрија, со системо за одлагање на искористеното масло за јадење. Притоа, купувачите добиваат контејнери од по еден литар за повеќекратна употреба, за да го складираат маслото. 

Одржливоста е составен дел на корпоративната филозофија на „Интершпар“ - Австрија. Затоа сме уште позадоволни што со машините за собирање масло за готвење, во блиска соработка со друга компанија, им нудиме на нашите купувачи нови машини за намалување на нивното влијание врз животната средина, соопшти трговецот. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...