Свет

KitKat претстави два нови вкусови

27 Jan 2023

Кондиторскиот гигант „Нестле“ додава два нови вкусови на својот асортиман од брендот KitKat - КitKat Smooth Hazelnut и KitKat Mint Cookies and Cream.

Возбудени сме што можеме да им го претставиме на обожавателите новиот асортиман на KitKat. Smooth Hazelnut е првиот австралиски KitKat со вистински јаткасти плодови. Знаеме дека љубителите на чоколадото бараат повеќе уживање и дека овоие нови KitKat вкусови тоа им го даваат, соопштија од маркетинг службата на „Нестле“. 

Оваа најава доаѓа по околу една недела откако KitKat најави промена на пакување на своите чоколади во одбрани супермаркети ширум Австралија. Исто така, одсега КitKat ќе биде во иновативна нова хартиена амбалажа што може да се рециклира. 

Истражуваме различни алтернативни решенија за пакување на нашите кондиторски производи. За KitKat беше предизвик да најде вистинско решение за пакување во хартија со високо ниво бариерни својства што адекватно ќе ја заштитат чоколадата. Моравме да одржиме совршена рамнотежа меѓу култната крцкава вафла и нежното чоколадо што луѓето го познаваат и го сакаат,а во исто време да обезбедиме пакувањето да може да се рециклира, велат од „Нестле“. 

Извор: 7news
Фото: KitKat



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...