Леденото кафе Starbucks Frappuccino, кое е направно во соработка со „Нестле“ отсега може да се најде на полиците на супермаркетите во Австралија.
Преку оваа нова соработка, „Нестле“ и „Старбакс“ на љубителите на кафето им го носат препознатливиот вкус на кафето Starbucks во едноставен формат подготвен за пиење. Овие нови производи ќе ни овозможат да го развиеме нашиот сегмент на привлекувајќи ги помладите потрошувачи, со приспособена и нова понуда на пијалаци, рече генералниот директор на категоријата млечни производи на „Нестле“, Ребека Добинс.
„Нестле“ ексклузивно ќе продава, дистрибуира и развива готови пијалаци кафе Starbucks во Австралија, користејќи локални извори и доставувачи, додека Frappuccino ќе биде достапен во два вкуса - Mocha и Latte, соопштија од компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.