Свет

Oreo лансира кекс во соработка со поп - бендот „БлекПинк“

23 Jan 2023

Брендот Oreo лансира ограничено пакување на кексот Oreo инспирирано од к - поп женската група „БлекПинк“. 

Апсолутно сме воодушевени што можеме да ја поздравиме меѓународната к - поп сензација, „БлекПинк“, како амбасадорки на брендот за нашата најнова кампања за Азија, соопштија од Oreo - Индонезија. 

Oreo и „БлекПинк“ асортиманот е достапен во два вкусови - „Black", со колачи од црно чоколадо и фил од јагода и „Pink", со розеви колачи и крем фил од темно чоколадо. ПОкрај специјалните вкусови, секое пакување содржи и колекционерски сликички. Така фановите можат да соберат слики од сите 10 членови на „БлекПинк“ или две групни фотографии. 

Купувачите исто така можат да добијат персонализирана видео порака од - поп групата со скенирање на посебен  QR код на секое пакување. 

Ограничената серија кекси ќе биде достапна во Сингапур, Тајланд, Индонезија, Малезија и на Филипините до истекот на залихите. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...