Свет

„Дијаџио“ со аквизиција вредна 260 милиони евра

18 Jan 2023

Гигантот за алкохолни пијалаци „Дијаџио“ објави дека постигнал договор за купување на Don Papa Rum, супер - премиум темен рум од Филипини. 

Договорот е вреден 260 милиони евра, со иден натамошен надомест од 177,5 милиони евра до 2028 година. 

Возбудени сме поради можноста да го воведеме Don Papu во портфолиото на „Дијаџио“ за да ги унапредиме нашите постоечки румови/ Оваа аквизација е во согласност со нашата стратегија за стекнување брендови со висок раст со атрактивни маржи кои ни овозможуваат да учествуваме во брзо растечкиот супер - премиум плус сегмент, соопштија од „Дијаџио“.  

Компанијата ќе ја финансира аквизицијата од постоечките готовински резерви и се очекува зделката целосно да се заклучи во првата половина од годинава. 

Со комбинирана годишна стапка на пораст од 18 отсто во Европа и 27 отсто во САД меѓу 2016 и 2021 година, супер - премиум плус сегментот во категоријата рум е во рана фаза на премиумизација. Во овој период, Don Papa Rum оствари пораст од 29 отсто во Европа, надминувајќи го пазарот.

Don Papa Rum е достапен во 30 земји, а најголеми пазари се Франција, Германија и Италија. Препознатлив е по пакувањето и по автентичната приказна за брендот.  

Извор: esmmagazine
Фото: Diageo/Don Papa



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...