Свет

„Карфур“ ќе откупува шишиња и лименки од купувачите

13 Jan 2023

„Карфур“ - Полска и организацијата „Еко - пункт“ најавија партнество во кое ќе тестираат уред што ќе им овозможи на купувачите да вратат празни пластични шишиња и алуминиумски лименки во 10 продавници на „Карфур“. За секоја вратена амбалажа „Карфур“ на купувачите ќе им исплати 15 центи во вид на бонови, со кои потоа може да се пазари во продавниците. 

Проектот е покренат за да се исполнат плановите на Министерството за животна средина и клима во врска во воведувањето на депозитниот систем во Полска. Целта е да му се врати вредноста на отпадот што настанува во домаќинствата и со тоа да се зголеми количината што се рециклира, придонесувајќи на тој начин да се достигнат нивоата на рециклирање поставени од ЕУ. 

Од „Карфур“ соопштија дека ова особено е значајно за нивните купувачи во периодот на висока инфлација. 

Двата партнери активно ќе ги следат резултатите од тестирањето и планираните законски измени во ова подрачје. Уверени сме дека конкретното решение ќе им овозможи на нашите потрошувачи уште повеќе да се вклучат во активностите за чиста околина во нашата земја и дека ќе имаат опиплива материјална димензија за возврат, соопштија од „Карфур“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...