Свет

Ирска: Продажбата на безалкохолното пиво порасна за три пати

12 Jan 2023

Трипати се зголеми продажбата на безалкохолното пиво во Ирска во периодот меѓу 2017 и 2021 година, од 1,79 милиони на 5,5 милиони литри, според новите податоци на индустриската групација „Дринкс Ирска“. 

Пазарниот удел на безалкохолното пиво порасна за 275 отсто за време на овој период, додаваат од групацијата, иако и натаму сочинува само 1,4 отсто од вкупниот пазар на пиво. На други места, продажбата на безалкохолните сајдери и алкохолни пијалаци порасна во 2021 за 52 отсто, односно за 314 отсто. 

Гледаме дека потрошувачите во Ирска бараат поголема рамнотежа кога е во прашање нивниот пијалак, што е позитивно. Податоци за приходите исто така покажуваат дека вкупната потрошувачка на алкохол продолжува да опаѓа во Ирска, за околу 33 отсто за 20 години. Преку истражувањата гледаме особено дека млади луѓе се обидуваат да го намалат внесот на алкохол и прават промени во нивните навики, соопштија од „Дринкс Ирска“. 

Сепак, Ирска треба да помине долг пат за да фати чекор со другите европски пазари кога станува збор за потрошувачката на безалкохолно пиво - во Германија тој сегмент е 11,8 отсто од вкупната категорија пива, додека во Шпанија овие пива се 10,6 отсто од вкупниот пазар, по кампањите со кои се промовираше безалкохолното пиво како избор за граѓаните кои возат. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...