Францускиот синџир „Карфур“ ги најави плановите за ширење на компанијата во следните три години.
Меѓу другото, компанијата ќе ги шири своите банери со попусти. Прв е „Супеко“, софт - дисконт по потекло од Шпанија, а сега присутен и во Италија, Полска и Романија. Се планира ширење од сегашните 120 на 200 продавници до 2026, посебно во Шпанија. Во план е и ширење на „Атакадоа“, популарен дисконт во Бразил. Неговата мрежа на продавници ќе расте за 20 до 30 годишно за да достигне 470 објекти во следните три години.
„Карфур“ ќе го донесе „Атакадоа“ и во Франција, наесен следната година.
Меѓу плановите на францускиот трговец е и целта да ги стави своите брендови во срцето на новиот комерцијален модел, со цел да го зголеми уделот на приватните трговски марки во сегментот храна од 33 на 40 отсто, а кај непрехранбените производи од 32 отсто на 50 отсто.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.