Свет

Унгарија: „Алди“ ја ограничи дозволената количина производи по купувач

20 Dec 2022

„Алди“ во Унгарија ја ограничи дозволената количина храна по лице, ограничувајќи ги купувачите на по 1 табла јајца, 1 литар млеко или 1 килограм компир. 

Овој чекор го преземаме за да ја осигураме достапноста на одредени производи, соопштија од компанијата. Да потсетиме, Владата на Унгарија го продолжи замрзнувањето на цените на храната до 30 април 2023 година. 

Одржување на горната граница на цените е неопходно поради долготрајната војна во Украина и инфлацијата. Унгарското население и натаму мора да се снабдува со храна по официјални цени, кажаа од унгарската влада. 

Во Унгарија веќе неколку месеци постојат максимални цени што ги одреди Владата за одредени прехранбени производи. Продавниците дополнително да ги платат, а истовремено им се наложува да понудат производи под закана од парични казни поради повлекување од понудата. Ова се однесува на увезените артикли, кои исто така подлежат на максимални цени, што е дефинирано со владината уредба за вонредни ситуации.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...