Свет

Германија: Свинското месо станува дефицитарно

28 Nov 2022

Експертите стравуваат дека по енергетската криза Германија ќе се лизне во прехранбениот сектор и дека во иднина месото ќе доаѓа од Шпанија. Германија, еден од најважните светски извозници на свинско месо, трпи огромни загуби во овој сектор и прашање е како долго ќе може да ја задржи оваа позиција.

До средината на ноември се заклани 8,4 отсто помалку свињи, а трендот на намалување продолжува, пишува порталот „Агрархојт“.

Дирк Коклер, од трговската групација за земјоделство „Агравис“, рече дека пазарот се подготвува за пад на околу 550.000 колењa неделно, што е за 250.000 помалку од претходно. Помеѓу 2010 и 2020 година, тој број достигна повеќе од еден милион неделно. Според извештаите, падот на околу половина милион колења ќе го намали производството на половина во рок од неколку години. 

Многу фармери во Германија неодамна се откажаа од овој бизнис, некои се презадолжени, други не гледаат иднина за германското свињарство поради зголемените трошоци за производство, предупреди Хуберт Келигер, член на одборот на Здружението за месната индустрија. Затоа месото ќе стане дефицитна стока, а на полиците на продавниците нема да има домашни производи, коментира тој.

Сега, тамошните кланици работат во една смена. Компанијата „Тенис група“ забележа пад на продажбата во 2021 од околу 800 милиони евра. 

Германија, сепак, не е единствената земја чии сточари ги трпат последиците од кризата. Речиси во сите земји - членки на ЕУ се бележи пад на сточниот фонд. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...