Две третини од потрошувачите во Германија трошат помалку пари поради рекордната инфлација, објави Сојузот за заштита на потрошувачите во Германија. Дополнителни 20 отсто испитаници веруваат дека во иднина ќе мораат да ги намалат трошоците.
Од тие што штедат, дури 61 отсто скратуваат од купувањето намирници, а 56 отсто штедат кај купување облека и обувки. Поради пораст на малопродажните цени, една третина од испитаниците помалку го користи автомобилот.
Инфлацијата во Германија во октомври беше 10,4 отсто. Основните прехранбени производи во просек поскапеа за 20,3 отсто. Најмногу во споредба со октомври минатата година поскапе маслото за јадење (49,7 отсто), како и млечните производи и јајцата (28,9 отсто) и лебот и производите од житарки (19,8 отсто).
Истражувањето покажа и дека потрошувачите се подготвени да ги сменат своите навики за купување ако тоа придонесе кон забавување на климатските промени.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.