Италијанскиот дисконт „Еуроспин“ ја лансира линијата Amo Essere Eccelente, нова линија премиум приватни трговски марки посветена на висококвалитетни италијански производи.
Многу производи имаат сертификати со кои треба да ги задоволат барањата на купувачите кои водат сметка за потеклото и преработката на суровините, а во исто време да не се одречат од погодноста, соопшти трговецот.
Асортиманот опфаќа млечни производи, суви и полнети тестенини, сосови и макала, сувомеснати производи, конзерви, преливи, десерти и божиќни специјалитети.
Меѓу производите во секцијата „млеко“ се и врвни варијанти од сирењата Grana Padano и Parmigiano Reggiano DOP. Водечките производи во категоријата тестенини вклучуваат тестенини од Gragnan и Campofilone и полнети тестенини како што се традиционалните равиоли Del plin. Италијанските тартуфи, сицилијански патлиџан и босилек од Џенова се во одделот за сосови, додека во понудата на сувомесни производи се брендови како што е мортаделата Bologna. Има и широк асортиман на органски производи.
Според „Еуроспин“, Amo Essere Eccellente нуди квалитет, традиција, извонредност во вкусовите и претставува бескомпромисно патување во уживањето на трпезата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.