Потрошувачите во Мексико од неодамна можат да купат коктел направен во соработка меѓу компаниите „Кока кола“ и „Браун - Форман“.
Jack Daniel’s & Coca - Cola RTD коктелот ќе стигне во САД и во Европа во 2023 година, а потоа ќе биде достапна и верзијата без шекер.
Додека потрошувачите долго мешаа Jack Daniel’s и Coca-Cola во домовите и баровите ширум светот, сега официјално го претставуваме овој врвен пијалак кој обединува два култни брендови во мешавина готова за пијалак. ack & Coke е почеток на нешто големо, соопштија од „Кока кола“ во Мексико.
Овој пијалак се надоврзува на портфолиото ароматизирани алкохолни пијалаци на „Кока кола“, меѓу кои се и Lemon-Dou, Topo Chico Hard Seltzer, Schweppes Pre-Mixed kokteli, Simply Spiked Lemonade и Fresca Mixed.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.