Свет

Британските пабови и ресторани го скратуваат работното време

15 Nov 2022

Повеќе од една петтина од британските пабови, ресторани и кафулиња го намалија работното време во изминатите три месеци во обид да ги намалат трошоците за енергија.Анализата на британската канцеларија за национална статистика, ОНС, покажа дека компаниите за храна и пијалaци го намалуваат работното време повеќе од другите сектори за да се справат со огромните зголемувања на сметките за струја.

Агенцијата за статистика објави дека 21 отсто од компаниите во услужниот сектор поради тоа го намалиле работното време, дури и откако продолжиле да работат ист број денови.Истовремено, шест отсто од компаниите од овој сектор наведуваат дека во последните три месеци ја скратиле работата за два или повеќе дена во неделата. Овие компании најмногу посочуваат дека најмногу се плашат од цените на енергенсите во ноември, иако и услугите за сместување се многу блиску до нив. 

Во индустријата, 22 отсто од бизнисите ги наведуваат цените на струјата во ноември како главна грижа. Но, ова одразува само мал пад, бидејќи владата вети субвенции за деловните сметки за енергија во септември.

Угостителските компании за храна и пијалаци беа под особено силен притисок од повисоките сметки, при што 58 отсто од компаниите изјавија дека цените на енергијата се нивна главна грижа, во однос на 39 отсто еден месец порано. Заради тоа две од пет компании во секторот, 41 отсто од нив, очекуваат поскапување во ноември.

Во меѓувреме, 36 отсто од компаниите кои даваат услуги за сместување се на пат да ги зголемат цените.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...