Свет

Меѓународен саем за приватни трговски марки ќе се одржи во Чикаго

11 Nov 2022

Од недела до вторник (13 - 15.11) во Чикаго ќе се одржи меѓународен саем за приватни трговски марки (ПЛМА), по три години пауза. На саемот повеќе од 1.400 компании ќе ги изложат своите производи. 

Саемската манифестација е поделена на две целини - едната е посветена на изложувачи на непрехранбени производи - здравје, убавина и работи за домаќинство, а другата е за прехранбени производи. 

На настанот се очекуваат и повеќе од 20 национални штандови со повеќе од 300 меѓународни изложувачи. Ќе се претстават Австралија, Белгија, Бразил, Канада, Чиле, Кина, Колумбија, Данска, Франција, Грција, Гватемала, Изреал, Италија, Јордан, Перу, Јужна Кореја, Шпанија, Тајланд, Турција....  

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...