Новата соларна електрана во огранокот на „Хајнекен“ во Јужна Африка ќе снабдува 30 отсто од побарувачката за електрична енергија на пиварницата, соопштија од компанијата.
„Хајнекен“ е уште една компанија која бара алтернативно снабдување со енергија. Проектот е во насока на поддршката за остварување на целта „Правиме подобар свет“ со кој „Хајнекен“ сака до 2030 година да достигне нулта емисија на CO2 на сите свои производни локации. Тоа е најновиот потег кон одржливо пиварство, изјави Ричард Криел, менаџер за инжинеринг, стратешки проекти и одржливост во „Хајнекен“.
Фабриката, која почна да произведува електрична енергија во мај, е најголема самостојна соларна електрана направена од пиварница во Јужна Африка, и најголема во рамки на групацијата „Хајнекен“, со 14.000 панели со енергетски капацитет од над 6,5 мегавати. Тоа ќе обезбеди 30 отсто од потрошувачката на струја за потребите на пиварницата. Или, проектот од 19 хектари ќе произведува 17.000 мегават часови електрична енергија годишно.
Државното претпријатие „Еском“ пак, (Јужна Африка) редовно прави исклучувања на струјата, додека се бори да ја задоволи побарувачката.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.