Свет

„Данон“ продава 90 отсто од бизнисот во Русија

17 Oct 2022

Францускиот прехранбен гигант „Данон“ соопшти дека го продава бизнисот со млечни производи во Русија, потег што може да ја чини компанијата до милијарда евра (978 милиони долари). 

Придружувајќи се на се подолгата листа глобални компании кои со висок „цех“ ја напуштаат Русија поради конфликтот со Украина, „Данон“ ќе продаде околу 90 отсто од своето работење во земјата, а ќе ја задржи само единицата за продажба храна за бебиња. 

Тоа е најдобрата опција долгорочно да се осигура континуитет на работењето во таа земја, соопштија од компанијата. Не се открива кому ќе му ја продадат руската подружница ЕДП. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...