Свет

„Хенкел“ оствари пораст од речиси 9 отсто

06 Oct 2022

FMCG-гигантот „Хенкел“ забележа органски пораст на продажбата од 8,9% во првата половина од финансиската година, со што достигна до 10,9 милијарди евра.

Сепак, како што соопштуваат од компанијата, наглото зголемување на трошоците за материјали и логистиката влијаело врз заработката, така што оперативната добивка се намалила за 18,5%, на 1,2 милијарда евра. ЕБИТ-маржата изнесувала 10,7%, што е пад од 370 базични поени.

И покрај многу предизвикувачките околности, продажните перформанси во првите шест месеци ги надминаа претходните очекувања за цела година, додека заработката се разви во согласност со насоките на нашата групација за фискалната 2022 година, изјави Карстен Кнобел, извршен директор на „Хенкел“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...