Компанијата „Кока-Кола ХБЦ“ се согласи да го купи суперпремиум брендот на газирани пијалаци и миксови Three Cents за 45 милиони евра.
„Кока-Кола ХБЦ“ ќе ја купи компанијата ЕСМ (Effervescent Sodas Management), позната и како „Три сентс“, од „ИЦЦ груп“, подружница во целосна сопственост на „Идеал холдингс“.
Договорот, кој ќе биде предмет на вообичаените услови за затворање и на регулаторни одобренија, се очекува да биде затворен во втората половина на 2022 година.
Брендот Three Cents постои од 2014 година и нуди занаетчиски пијалаци направени без конзерванси и вештачки бои. Основан е од четворица бармени и професионалци од сегментот храна и пијалаци. Уште од основањето брендот се етаблира како суперпремиум пијалак за возрасни и микс за пијалаци и за коктели.
Како дел од договорот, основачкиот тим ќе остане со компанијата и ќе продолжи да го промовира брендот, обезбедувајќи ги лидерството и визијата, соопштија од „Кока-Кола ХБЦ“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.