„Кооп“ - Шведска склучи партнерство со „Фортум“ за да им понуди на своите членови пониска цена за електрична енергија, како и можност да заработат поени за користење на електрична енергија.
Членовите на „Кооп“ кои ќе се префрлат на договор за електрична енергија со „Фортум“ ќе добијат 20.000 поени како почетен/бонус за добредојде и бесплатен еколошки пакет на „Фортум“ во првите три месеци (електрична енергија од обновливи извори и совети за енергија).
„Фортум“ нуди и попуст на цената на kWh и до 30.000 поени годишно врз основа на потрошувачката на електрична енергија.
Потрошувачите исто така ќе можат да пристапат до голем број паметни услуги кои им помагаат подобро да го контролираат користењето на електрична енергија и трошоците за електрична енергија. Повеќе од 3,7 милиони Швеѓани се членови на „Кооп“.
Цената на струјата сега е на највисоко ниво што досега не било видено во Шведска. Во исто време, инфлацијата ги зголемува другите трошоци за домаќинствата. Веруваме дека нашите членови ќе ја ценат оваа понуда, која им овозможува директно да ги намалат трошоците за електрична енергија, а притоа да заработат поени кои можат да ги искористат за други попусти. Нашата работа е водена од желбите на нашите потрошувачи и членови. Во нашето истражување видовме дека има побарувачка за понуди за договори за електрична енергија и затоа влегуваме во партнерство со „Фортум“, изјави Антон Најман, раководител на програмите за партнерство во „Кооп“ - Шведска.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.