Компанијата е во преговори за продажба на 130 бензински пумпи за 450 милиони фунти во обид да го намали долгот бидејќи Велика Британија се соочува со рекордна инфлација.
Изворите велат дека договорот се очекува да биде финализиран во наредните недели и дека веројатниот купувач е трговец.
Групацијата „Ко-оп“, која поседува погребални и осигурителни компании, како и супермаркети, се надева дека ќе ги намали своите долгови, но сепак вели дека стравува од рецесија и очекува таа да влијае на нејзината профитабилност.
Собирањето дополнителни 450 милиони фунти од продажбата ќе помогне во справувањето со нето-долгот на групацијата, кој се зголеми на 920 милиони фунти, во споредба со 695 милиони фунти во 2019 година и 550 милиони фунти во 2020 година.
Веста за наводната продажба дојде истата недела кога компанијата го објави назначувањето на Ширине Кери-Хак за прва жена извршен директор по 159 години.
„Ко-оп“, кој вработува повеќе од 63.000 луѓе, предупреди претходно во април за влијанието на инфлацијата откако годишната заработка на компанијата се преполови поради нарушување на синџирот на снабдување и зголемување на платите на персоналот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.