Полскиот трговец „Жабка“ одговори на зголемениот интерес за својата програма Dobra Paczka (Добар пакет) со тоа што ја прошири во нови продавници во Познањ и Вроцлав.
Кампањата, почната во декември 2021 година, им овозможува на корисниците на мобилната апликација Żappka да нарачаат сет од два или три производи со краток рок на траење за половина од цената.
Програмата Dobra Paczka е проект на „Жабка“ кој има за цел да го намали отпадот од храна во продавниците и е дел од стратегијата за одговорност на трговецот.
Во „Жабка“ имплементираме многу решенија насочени кон спречување на фрлање храна. Една од нив е алатката Dobra Paczka. Купувачите со нетрпение ја користат можноста да купат изненадувачко пакување составено од здрави производи на последниот ден од употреба, по половина цена. Затоа решивме да го прошириме проектот Добра Пачка во два града, рече Јоана Касовска, директорка за стандарди за квалитет и управување со храна во „Жабка“.
Трговецот нуди пакети Dobra Paczka во три варијанти - за вегетаријанци, за вегани и за луѓе кои немаат посебни преференци во исхраната.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.