Свет

Нова верзија на NutriScore ознаките

18 Aug 2022

Нова верзија на ознаките NutriScore треба да биде готова за примена до крајот на оваа година. Ознаката на храната ќе биде построга, особено за шеќерот, месото и солта. 

Етикетата, преку која на прехранбените производи им се доделува боја и ознака во вид на буква во зависност од тоа колку се здрави, е критикувана затоа што маслиновото масло е релативно лошо оценето, додека пак оценката е премногу „блага“ за црвеното месо. 

Воопшто, мал е бројот на производи што ќе постигнат најдобра оценка.Алгоритамот ќе биде построг. 

Тоа е прва голема ревизија на ознаката за храната по нејзиното покренување во 2017 година. Седум земји кои го воведоа системот на национално ниво, вклучувајќи ги земјите од Бенелукс и Франција, веќе дадоа благослов за промените. Други реакции стигнуваат од Италија, каде надлежната институција за забрана на конкуренцијата речиси ја забрани употребата на NutriScore, со образложение дека етикетата е „погрешна, произволна и пристрасна“. ТРговските синџири кои ја користат, како „Карфур“, мораат да ја отстранат ос своите пакувања во Италија. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...