Свет

Нов пијалак од „Кока кола“ - Coca - Cola Dreamworld

16 Aug 2022

Компанијата „Кока кола“ вчера го лансира својот четврти и последен производ од кампањата „Кока кола Креации“ за оваа година. Тоа е пијалакот Coca-Cola Dreamworld кој првично е достапен во САД и во Канада.

Гигантот ја претстави платформата „Кока кола Креации“ во февруари, во рамки на која го лансираше пијалакот Coca-Cola Starlight (им нуди на обожавателите да ја „пробаат“ вселената). Следуваше Coca-Cola Bite (инспириран од метаверзумот), во ограничено издание. 

Coca-Cola Dreamworld ја користи страста на генерацијата Z кон бесконечниот потенцијал на умот истражувајќи го вкусот на сонот. 

Coca-Cola Dreamworld и Coca-Cola Zero Sugar Dreamworld ќе бидат достапни во САД во шишиња од 0,6 литри и во пакување од повеќе лименки, секоја по 0,22 litra. Во Канада, пак, пијалакот ќе биде достапен во шишиња од 500 ml и во повеќекратни пакувања од 300 ml.

Starlight ја осветли идејата за бесконечните можности на вселената надвор од овој свет. Dreamworld го врти ова сценарио повикувајќи ги фановите да погледнат внатре, во бесконечните можности на умот, соопштија од Одделот за креативна енергија во „Кока - кола“ Северна Америка. 
 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...