Свет

„Џамбо“ оствари промет од 5,46 милијарди евра

22 Jul 2022

Прометот на холандскиот супермаркет „Џамбо“ од почетокот на годинава изнесува 5,41 милијарди евра, а неговиот пазарен удел е стабилен и изнесува околу 22%.

Повеќе франшизни продавници на групацијата „Ројал Џамбо гуд“ во првата половина на 2022 година остварија промет од 5,46 милијарди евра, што е зголемување од 1,6%.

Задоволни сме од досегашниот пораст на приходите, особено во тешките пазарни услови. Во првите недели од 2022 година, сè уште се справуваме со рестриктивните мерки, а потоа и со последиците од ситуацијата во Украина. Сепак, остануваме на целта да ја надминеме границата од 10 милијарди долари оваа година, изјавија од „Џамбо“.

Во Холандија, „Џамбо“ има 687 продавници, од кои 36 беа отворени во претходните шест месеци. Во Белгија, трговецот моментално има 21 продавница, од кои четири беа отворени годинава.

Онлајн-продажбата забележа послаб одѕив во периодот по пандемијата, со оглед на тоа што потрошувачите почнаа да се враќаат на пазарувањето во физичките продавници.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...