Свет

Очекувањата на потрошувачите во ЕУ на рекордно ниско ниво

22 Jul 2022

Очекувањата на потрошувачите во ЕУ и еврозоната значително се влошија во јули, спуштајќи се на рекордно ниско ниво, објави Европската комисија.

Индексот што ги мери очекувањата на потрошувачите во ЕУ во јули се намали за три поени во однос на претходниот месец, и падна на -27,3 поени, што е најниско ниво од собирањето на податоците, се наведува во извештајот на Комисијата.

Во еврозоната индексот се намали за 3,2 поени, на -27 поени.

И двата показатела паднаа под нивото од почетокот на корона-кризата, кога владите воведоа строги мерки за сузбивање на ширењето на пандемијата, објави Европската комисија.

Тие се и значително под долгорочниот просек кој изнесува -11 поени во еврозоната и -10,6 поени во ЕУ. Истражувањето е спроведено од 1 до 19 јули.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...