Свет

Продолжува со работа фабриката на „Бери Калебаут“ во Белгија

20 Jul 2022

На почетокот на август ќе продолжи производството на чоколадо во фабриката на „Бери Калебаут“ во Белгија, која беше затворена на крајот на јуни откако беше откриена салмонела во една производствена серија. 

Компанијата идентификуваше „лицитин“ како извор на загадувањето и оттогаш презеде серија мерки за чистење на фабричките линии за производство на чоколадо. По почнувањето во август, производството постепено ќе се зголемува за да постигне полн капацитет во следните неколку месеци. 

„Бери Калебаут“ има сертификат за безбедност на храната, а повеќе од 230 вработени работат на безбедноста и квалитетот на храната во Европа и повеќе од 650 ширум светот. Компанијата забележа силен раст на обемот на продажба во сите региони во првата половина од фискалната година. Во регионот ЕМЕА (Европа, Блискиот Исток и Африка) во текот на овој период продажбата порасна за 11,6 отсто, на 537.542 тони чоколадо. 

Да потсетиме, во април годинава и италијанскиот производител „Фереро“ исто така ја сопре својата работа во Арлон во Белгија и доброволно повлече некои од своите Kinder чоколадни бонмони од американскиот пазар поради потенцијална поврзаност со контаминација со салмонела.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...