Свет

Највисока инфлација во Австрија во последните 47 години

20 Jul 2022

Инфлацијата не престанува да расте во Австрија. Во јуни достигна нова рекордна вредност од 8,7 отсто, највисока инфлација во изминатите 47 години.

Животот на Австријците повторно поскапе значајно и тоа поради „скокот” на цените на горивото, намирниците, струјата, угостителските услуги.

Мини потрошувачката корпа, што покрај намирници и услуги содржи и гориво, на годишно ниво поскапе за 19 отсто.

Кога станува збор за гориво дизел, во споредба со јуни минатата година, тоа поскапе за околу 65 проценти, додека бензинот за 61 отсто, покажаа податоците на Статистичкиот завод на Австрија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...