Свет

„Меркадона“ го зголеми асортиманот маслинки

19 Jul 2022

Шпанскиот трговец на мало „Меркадона“ ја унапреди рецептурата на своите СКУ-пови маслинки од приватната трговска марка Hacendado. 

Од компанијата соопштија дека нејзините црни маслинки без семки сега се повкусни, поголеми и со поинтензивна боја, додека маслинките Chupadedos се во нова форма, во конзерва. 

Имаме за цел да понудиме најдобар квалитет по најпристапни цени и затоа компанијата почна со кампањата SPB (Секогаш нисни цени) уште во 1993. Оттогаш не престанавме да нудиме квалитет, што исто така е еден од главните предизвици со кој се соочуваме како трговски синџир, соопштија од „Меркадона“. 

Трговецот пријави годишен пораст на продажбата од 3,3 отсто на 27,8 милијарди евра во 2021 година. Од овој вкупен износ, 27,4 милијарди евра се генерирани во Шпанија, а преостанатите 415 милијарди евра се од Португалија. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...