Свет

„Асда“ нуди евтини оброци за деца

11 Jul 2022

Британскиот трговски синџир „Асда“ покрена иницијатива под назив „Децата јадат“ за да ги поддржи родителите за време на кризата предизвикана од растечките трошоци на живот која се очекува во наредниот период. 

Супермаркетите во рамки на своите кафулиња ќе нудат оброци за деца по цена од 1 фунта што ќе бидат достапни за децата помали од 16 години. Програмата ќе биде достапна 7 дена во неделата, од крајот на јули до почетокот на септември, во Шкотска, Велс и Англија. 

Знаеме дека семејствата кои се потпираат на школските мензи можат да имаат тешкотии за време на летниот распуст. Воодушевени сме што можеме да им понудиме храна за деца за само 1 фунта како би ги осигурале овие семејства да не останат без храна, соопштија од „Асда“. 

Иницијативата дојде по информацијата од Националната управа за статистика за раст на малопродажните цени за 11,7 отсто и ондексот на потрошувачките цени за 9,1 отсто, што укажува на тоа дека инфлацијата го достигна својот 40 - годишен максимум. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...