Свет

Најголема светска фабрика за чоколадо го прекина производството

01 Jul 2022

Производството во најголемата фабрика за чоколадо во светот беше прекинато откако беше откриена бактеријата салмонела. Фабриката доставува чоколадни производи за мултинационални клиенти, вклучувајќи ги „Херши“, „Монделез“, „Нестле“ и „Унилевер“. 

Со неа управува швајцарскиот гигант „Бери Калебут“ во белгискиот град Виезе, кој произведува и продава на големо течно чоколадо за 73 клиенти. Портпаролот на компанијата изјави дека ќе бидат контактирани сите клиенти кои добиле контаминирана чоколада.

Сите производи направени од тесто се блокирани. Производството на чоколадо во Виезе останува суспендирано до понатамошно известување, изјави портпаролот Корнил Варлоп.

Тоа доаѓа само неколку месеци откако на семејствата во Велика Британија им беше кажано да ги исфрлат сите „киндер“ јајца што ги имаат дома поради ризикот од салмонела. Истрагата покажа дека примероците се совпаѓаат и дека станува збор за истиот вид на салмонела.

Швајцарската групација „Бери Калебут“ е број еден во светот, со годишна продажба од 2,2 милиони тони во текот на финансиската година 2020-2021. Лани компанијата, чие седиште е во Цирих, оствари нето добивка од 331 милион фунти.

Компанијата вработува повеќе од 13.000 луѓе и има повеќе од 60 производствени локации низ светот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...