Свет

Затворената фабрика на „Фереро“ продолжи со работа

24 Jun 2022

Кондиторскиот гигант „Фереро“ објави дека белгиската управа за сигурност на храната дозволи повторно отворање на претходно затворената фабрика на „Фереро“ во Арлон. 

Фабриката доби условна дозвола дури по внимателното чистење и спроведените контроли за безбедност на храната. 

Фабриката во Арлон престана со работа во април годинава, откако Европската здравствена агенција покрена истрага за траги од салмонела во некои од производите произведени во овој објект.  

Воодушевени сме што добивме зелено светло од Белгиската управа за сигурност на храната. Им се заблагодаруваме за непроценливата помош и поддршка. Жал што тоа се случи во наша фабрика и уште еднаш им се извинуваме на сите кои беа засегнати од оваа ситуација. Научивме важна лекција и ќе направи се ваква ситуација никогаш да не се повтори, изјави Лапо Цивилети, извршен директор на групацијата „Фереро“. 

Од затворањето на погонот, компанијата спроведе повеќе од 1.800 контроли на квалитет и направи санација на повеќе од 10.000 машини, вгради 300 метри нови цевки и ги ажурираше своите сигурносни протоколи. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...