Компанијата „Кока-Кола“ објави дека е во процес на намалување на капацитетите во Русија, а кога ќе биде завршен, повеќе нема да ги произведува и продава брендовите во таа земја.
Кога ќе се потрошат резервите, „Кока-Кола“ повеќе нема да ги произведува и продава своите брендови во Русија, се наведува во соопштението на компанијата.
Во март годинава, светскиот гигант за безалкохолни пијалаци објави дека го прекинува бизнисот во Русија и дека ќе донесе дополнителни одлуки во согласност со развојот на ситуацијата во Украина.
Компанијата „Кока-Кола ХБЦ“, која ги води бизнисите во Европа, има производствени капацитети во 28 земји и опслужува пазар од 595 милиони луѓе. Во неа е вклучена и „Кока-Кола“ – Русија со производствени капацитети во Москва, Московската Област, Санкт Петербург и во Нижни Новгород.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.