Свет

„Фози груп“ повторно отвори повеќе од 100 објекти во Украина

14 Jun 2022

Украинскиот трговец „Фози груп“, кој управува со синџирот „Силпо“, успеа повторно да отвори повеќе од 100 продавници кои претходно беа затворени поради руската инвазија.

Групацијата го соопшти ова откако војната што почна на 24 февруари, го помина 100-тиот ден. Како што се истакнува во соопштението, повторното отворање на некои продавници барало поголем напор поради гранатирањето и грабежите, додека складиштето за смрзната стока било уништено уште во првиот месец од конфликтот.

Продавниците во Буча, Ирпин, Чернихив и Киевската Област повторно беа отворени во мај, а овој месец продолживме со повторно отворање и во Киев и Харков, се наведува во соопштението.

Исто така, беа отворени и две нови продавници „Силпо“, кои претходно требаше да бидат отворени во март, а работи и платформата за е-трговија, shop.silpo.ua.

Како што се наведува во соопштението, од логистичка перспектива, ситуацијата се подобрува и поголемиот дел од дистрибутивните центри продолжуваат да работат. Трговецот истакна дека маршрутите за испорака траат подолго поради затворањето на неколку пристапни точки.

Што се однесува до хуманитарната помош, „Фози груп“ соопшти дека во првите 100 дена од војната дистрибуирала повеќе од 1.300 тони производи на вооружените сили, болниците, сиропиталиштата и на сите на кои им е потребна.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...