Свет

„Нестле“ праќа 1,5 милиони кутии млеко за бебиња во САД

06 Jun 2022

Швајцарскиот гигант „Нестле“ им обезбеди на САД дополнителни 1,5 милиони кутии со формула за новороденчиња за да го ублажи недостигот, соопшти американската Администрација за храна и лекови (ФДА).

Од јули до октомври, „Нестле“ ќе испрати млеко Gerber Good Start Gentle од Мексико во САД, благодарение на релаксираните регулативи за увоз, а од јуни до октомври NAN Supreme Pro 1 и Supreme Pro 2 од Германија.

Од летото, на американскиот пазар ќе бидат достапни околу 1,3 милиони кутии Gerber Good Start Gentle со тежина од околу 1,1 милион килограми и речиси 250.000 кутии NAN Supreme Pro 1 и Supreme pro 2 со тежина од околу 800.000 килограми.

Во мај, „Нестле“ испорача Gerber Good Start Extensive од Холандија и Alfamino од Швајцарија во САД, нагласувајќи дека овие производи се приоритет бидејќи се наменети за бебиња алергични на протеини од кравјо млеко. Компанијата потоа додаде дека фабриките за адаптирано млеко за доенчиња работат со полн капацитет, нагласувајќи дека ја подобрила нивната достапност до трговците на мало, онлајн продавниците и болниците.

Понудата на приспособено млеко за доенчиња во САД опадна во февруари откако Abbott Nutrition, најголемиот американски производител, ја затвори фабриката во Мичиген и ги повлече најпопуларните формули поради бактериска контаминација поврзана со смрт кај бебињата. За да се реши проблемот со недостигот, ФДА ги повика производителите ширум светот да извезуваат храна за бебиња во САД.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...