Свет

„Хенкел“ оствари пораст на продажбата од 7% во првиот квартал

06 May 2022

„Хенкел“ постигна пораст на продажбата од 7,1% во првиот квартал од својата финансиска година, при што секторите со лепила и со домашна нега го поттикнаа порастот.

Гигантот за широка потрошувачка објави продажба од 5,3 милијарди евра во, како што истакна во соопштението, исклучително предизвикувачко деловно опкружување.

Бизнисот со Adhesive Technologies забележа двоцифрен пораст на продажбата од 10,7%, додека секторот Laundry & Home Care забележа пораст од 4,9%. Секторот за нега и убавина бележи пад од 1,2%. Исто така, се очекува спојување на секторите Beauty Care и Home Care во единствен портфолио Henkel Consumer Brands.

Овој многу добар продажен ефект е доказ за нашиот план за пораст, како и за огромната посветеност на нашите вработени ширум светот. Би сакале да им се заблагодариме за нивната голема посветеност, изјави Карстен Кнобел, извршен директор на „Хенкел“.

Кнобел додаде дека макроекономското опкружување продолжило драматично да се влошува од почетокот на 2022 година, со влијанието од наследството што ни го остави ковид-кризата комбинирано со предизвиците во секторите на суровините и синџирот на снабдување, кои се драстично влошени со војната во Украина.

„Хенкел“ неодамна објави дека планира да го затвори својот бизнис во Русија.

По повод основањето на Henkel Consumer Brands, групацијата соопшти дека комбинираниот бизнис ќе генерира околу 500 милиони евра заштеда на среден рок, а првата фаза од деловното работење ќе биде имплементирана до крајот на 2023 година.

Henkel Consumer Brands ќе генерира продажба од околу 10 милијарди евра годишно, истакнаа од компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...