Британската компанија за испорака „Деливеро“ во Италија воведе нова 10-минутна услуга за достава, под називот Hop.
За оваа услуга, „Деливеро“ се здружи со „Карфур“. Понудата се состои од повеќе од 1.500 производи, во кои се вклучени и приватните марки на трговецот.
Услугата функционира преку т.н. „продавници во сенка“ (dark stores) и за почеток ќе биде достапна во Милано. Во следните месеци се очекува да се прошири во Рим и во други италијански градови. Потрошувачите ќе имаат можност да ја проверат достапноста на производите во реално време, така што ќе нема потреба за замени.
И трговскиот синџир „Шпар“ почна со брза испорака за 35 минути во 14 италијански градови. Компанијата ја нуди услугата во партнерство со платформата за достава „Глово“ и е достапна 7 дена во неделата.
Во последните 12 месеци уште неколку специјализирани оператори почнаа да нудат услуги за брза достава во Италија, вклучувајќи ги „Горилас“ и „Гетир“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.