До крајот на овој месец, трговецот „Карфур“ ќе воведе блокчеин технологија за органски производи од сопствениот бренд.
Иницијативата е одговор на растечката желба на потрошувачите за транспарентност кога станува збор за потеклото на органските производи и методите користени за производство.
Блокчеин технологијата ги складира податоците безбедно и на начин заштитен од неовластен пристап и ќе биде применета во асортиманот на „Карфур Био“. Потрошувачите ќе имаат пристап до сите податоци за патот на производите, од тоа каде и како се произведени до моментот на ставање на полица. „Карфур Био“ портокалите од шпанско потекло ќе бидат прв производ што ќе ја користи предноста на блокчеин технологијата, пред постепено да се прошири на целиот Био - асортиман.
За да ги добијат информациите за производот, потрошувачите треба да го скенираат кју - ер кодот на неговата етикета.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.