Гигантот за алкохолни пијалаци „Дијаџио“ најави вложување од 40,5 милиони фунти (48,6 милиони евра) во проширување на капацитетите на своите фабрики за пакување во Ирска и во Велика Британија. Овој потег има за цел да го поддржи порастот на брендовите Guinness Draft и Guinness Zero.
Во Ирска, компанијата ќе вложи 29,4 милиони евра за да го удвои капацитетот за конзервирање лоциран во Белфаст. Тука, „Дијаџио“ ќе ги претвори постоечките складишта во нова, најсовремена линија за пакување која може да произведува по 72.000 лименки на час. Влогот во Велика Британија е определен на 19,2 милиони евра за да ја унапреди линијата за флаширање и да ги прошори складишните капацитети.
Ова проширување е значителен влог во развојот на нашите капацитети за пакување. Двата проекти ќе ги поддржат нашите амбиции за раст, помагајќи ни да оствариме иновации кај производите и да им даваме одлични услуги на нашите клиенти ширум светот, соопштија од „Дијаџио“.
Во јануари годинава, компанијата пријави зголемена продажба од 16 отсто, откако баровите ги зголемија нарачките по повторното отворање после затворањето поради пандемијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.