Свет

„Ритер Спорт“ ќе го продолжи бизнисот во Русија

30 Mar 2022

Германскиот производител на чоколадо „Ритер Спорт“ ќе го продолжи својот бизнис во Русија, објави вчера новинската агенција ДПА, повикувајќи се на портпарол на компанијата.

„ Ритер Спорт“ ќе продолжи да испорачува чоколадо во Русија. Прекинот на испораките би довел до драматично намалување на производството и сериозно ќе влијае врз компанијата, изјави портпаролот.

На почетокот на март, компанијата одлучи да престане да инвестира на рускиот пазар и да престане да се рекламира таму.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...